САД чекаат дополнителни научни податоци за новиот сој на коронавирусот забележан во Јужна Африка, пред да донесат одлука за можно затворање на границите, изјави денеска советникот на Белата куќа за пандемијата, Ентони Фаучи.

Ќе донесеме одлука што е можно поскоро кога ќе имаме повеќе податоци – изјави Фаучи за Си-ЕН-Ен.

Франција, Холандија и Велика Британија попладнево веќе ги забранија летовите од Јужна Африка и пет соседни африкански земји, а од денеска забраната во целост ја воведе и Европската унија.

Таква опција секогаш се предвидува, но не можете да кажете дека ќе го направите, се додека не добиете научна причина за тоа. Затоа сега се обидуваме да собереме научни податоци пред да донесеме добро осмислена одлука – додаде Фаучи.

Светската здравствена организација ги советува земјите да не преземаат мерки за ограничување на патувањата додека не биде позната заразеноста и преносителноста на новиот вид на коронавирус откриен во Јужна Африка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.