Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, го осудди насилното сузбивање на протестите во Мјанмар и ги повика меѓународните компании да ја прекинат соработката со фирми кои ја поддржуваат воената хунта во земјата.

Асоцијацијата за помош на политичките затвореници вчера соопшти дека безбедносните сили во Мјанмар од 1 февруари, кога армијата ја презеде власта во земјата, убиле најмалку 512 цивили, помеѓу кои голем број студенти и адолесценти.

Истовремено стотици луѓе се водат како исчезнати. Само на протестите во саботата загинаа 114 луѓе, меѓу кои и седум малолетни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.