Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се очекува на 25 ноември да ја посети Анкара, а на 26 ноември Атина.
Руте во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јашар Ѓулер. Тој ќе разговара и со претставници на турската одбранбена индустрија, ќе ги посети капацитетите на турската воздухопловна компанија „ТУСАШ“ и ќе положи венец на мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Аниткабир во Анкара.
На 26 ноември Ердоган ќе ја посети Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за одбрана Никос Дендиас, според соопштение од НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.