Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трам во Палм бич, Флорида.

Разговараа за сите проблеми на светската безбедност со кои се соочува Алијансата, изјави денеска портпаролот на НАТО, Фарах Дахалах, без да наведе повеќе детали за средбата.

Руте, кој е поранешен премиер на Холандија, по изборот на Трамп истакна дека сака да се сретне со него за да разговара за заканите што доаѓаат од Русија, Северна Кореја, Кина и Иран.

Брзам да седнам со претседателот Трамп и да видам како колективно ќе се се соочиме со заканите, истакна Руте на 7 ноември, на маргините на Самитот на европските лидери во Будимпешта.

Тој тврди дека соработката на Русија со Северна Кореја, Иран и Кина не претставува закана само за Европа туку закана и по мирот и безбедноста во Индо-пацифичкиот регион и во Северна Америка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.