Руското државно обвинителство сака да го сослуша Алексеј Навални во Германија, каде што е во болницата и да ги открие деталите за неговото патување во Новосибирск и Томск.

Обвинителството, заедно со сообраќајната полиција, испратиле соодветно барање до германското Министерство за правда.

Истражителите имаат намера да ја проверат верзијата дека Навални е отруен, како што соопштија германските власти.

Истражителите во Обвинителството се заинтересирани кој го испланирал службеното патување на Навални и кој го придружувал од моментот кога полетал од Москва, па сè додека не бил хоспитализиран во Омск.

Руското обвинителство е заинтересирано и зошто опозиционерот ги сменил хотелските соби додека бил во Томск.

Покрај тоа, тие ги бараат од германските експерти и сите анализи и токсиколошки испитувања.

Предвидено е Навални да биде испрашуван во Германија, а германското министерство за правда на земјата го проучува добиениот документ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.