Министерството за надворешни работи на Русија јавно праша како грбот на Црна Гора заврши во филмот „Палатата на Путин“.
Дали западните истражувачки новинари веќе истражиле зошто во американско- германскиот „филм“ влезот во таканаречената „Палата на Путин“ е украсен со грбот на Црна Гора – пишува во твитот на Министерството.
Грбот на Црна Гора се појавува и во лифтот на палатата.
Рускиот опозиционер Алексеј Навални и неговиот тим пред десетина дена објавија видео во кое, како што тврдат, е прикажана палата на Црно море вредна повеќе од милијарда евра изградена за Путин.
Кремљ ги демантираше обвинувањата на Навални и наведе дека тие се со цел на Русите да им го „перат мозокот“ и да ги поттикнат на протести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.