Руските сили се повлекоа од Змискиот остров во близина на украинскиот брег во Црното Море како „знак на добра волја“, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Министерството соопшти дека овој потег покажува дека Русија не ги попречува напорите на Обединетите нации за организирање хуманитарен коридор за извоз на земјоделски производи од Украина.

Змискиот остров, што Русија го окупираше на првиот ден од инвазијата, стекна светска слава кога беше објавено дека украинските граничари кои беа таму го одбиле барањето на руски воен брод за предавање и загинале до последен во одбраната на островот, иако подоцна беа објавени фотографии од граничарите коишто, всушност им се предале на руските сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.