Руско беспилотно летало „Орион“ извршило 38 летови во Сирија, од кои 17 пати гаѓало објекти на терористи.

Во репортажата за „Орион“, телевизијата „Русија 1“ го покажа леталото во пустинска камуфлажа која се користи во Сирија. Според традицијата на воената авијација, на леталото се означени ѕвезди кои го претставуваат бројот на извршени борбени мисии.

Секоја ѕвезда дополнително ја содржи буквата „Р“, „Б“ или „П“, при што „Р“ означува извидувачки лет, „Б“ значи лет со извршување напади врз копнени цели и „П“ означува лет, веројатно, во потрага по целите.

Ако се погледнат ознаките, „Орион“ извршил 17 летови во Сирија со употреба на оружје, 20 за извидување и еден во други цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.