Руските сили денеска жестоко го гранатираат украинскиот источен регион Доњецк, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

Тој истакна дека според првичните информации гранатиран е градот Дружкивк, при што се погодени болницата, палатата на културата, резиденцијалните згради и игралишта. Кириленко наведе дека чека информации за жртвите.

Додека во Славјанск руските ракети погодиле семејна куќа, а сопственикот е под урнатините.

Според Кириленко, мета на руските сили била и железничката станица во Часовом Јара, при што се повредени поголем број луѓе.

Во текот на ноќта руските сили извршиле напади и врз градовите Хирник и Свитлодар.

Кириленко наведе дена единствен исправен пат е евакуација на жителите од нападнатите градови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.