Руските истражители отворија кривична истрага против Леонид Волков, близок соработник на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.

Истражниот комитет го обвинува Волков за поттикнување малолетни лица да учествуваат во протестите во саботата, кои беа организирани без дозвола, а на кои демонстрантите бараа ослободување на Навални.

Според некои извештаи, за време на протестите биле приведени скоро 4.000 луѓе

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.