Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов закон, со кој руските доброволци ангажирани во Украина добиваат статус на воени ветерани.

Според новиот закон, статус воени ветерани и воени инвалиди ќе добијат и Русите мобилизирани „да им помагаат на мисиите на Вооружените сили на Русија за време на специјалната воена операција во Украина“, соопшти Кремљ.

Новата легислатива предвидува широки бенефиции и мерки за социјална помош за борците и нивните семејства.

Законот на 16 овој месец беше одобрен од Горниот дом на рускиот Парламент, а со потпишувањето од страна на рускиот претседател тој и формално стапи во сила.

За време на мобилизацијата од 21 септември до 28 октомври, Русија мобилизираше околу триста илјади војници. Путин претходно овој месец изјави дека околу 80 илјади нови регрути биле испратени во Украина, од кои 50 илјади се вклучени во борбени операции. Според Кремљ, Москва не планира дополнителна мобилизација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.