Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој завчера беше пренесен во болница во Германија, ќе преживее, изјави Јака Бизлиј, активист и основач на Фондацијата „Филм за мир“.

Ќе го преживее нападот со труење, но со месеци нема да биде способен за политичка работа – за „Билд“ изјави Бизлиј, чија фондација го обезбеди трансферот на Навални од Русија во Германија.

Навални во сабота од болницата во сибирскиот град Омск беше префрлен во Германија, откако лекарите утврдиле дека се наоѓа во доволно стабилна состојба да патува.

Рускиот опозиционер и блогер во моментов е во индуцирана кома и е сместен во единица за интензивна нега во болница во Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.