Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, реагира дека НАТО ја зајакнува воената инфраструктура во непосредна близина на границите на Русија и Белорусија.

Шојгу предупреди дека таквите потези ја зголемуваат напнатоста во целиот регион.

Се модернизира неговата воена инфраструктура, се создаваат резерви на оружје, воена опрема и материјални средства и се практикува трансфер на војници – истакна Шојгу на заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на Русија и на Белорусија.

Шојгу додава дека оклопна бригада на копнената војска на САД и четири мултинационални баталјонски тактички групи се префрлени во Полска и балтичките земји.

Во Романија, Полска и Летонија се формирани штабови на коалициски дивизии на Алијансата. Капацитетот на инфраструктурата во пристаништата и на аеродромите се зголемува – истакна рускиот министер за одбрана.

Според неговата проценка, силите за реагирање на НАТО во близина на Русија и Белорусија се зголемиле од 25.000 на 40.000 војници.

Во Романија и Полска, Вашингтон распоредува противракетни системи „Иџис ашор“. Универзалноста на нивните лансирни системи овозможува заедно со противракетите да се користат и крстосувачки ракети „Томахавк“ и перспективно ударно оружје направено од Пентагон – вели Шојгу.

Тој истаканува дека САД, со целосна поддршка од сојузниците во НАТО, почнале активно да работат на модернизација на тактичкото нуклеарно оружје и базите за негово складирање во европските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.