Рускиот бизнисмен и милијардер Олег Тинков, санкциониран од британската влада, на Инстаграм проговори за руската агресија.

Тој, меѓу другото, рече дека „90 отсто од Русите се против војната“, пренесува Гардијан.

Не гледам никаква корист од оваа луда војна. Умираат невини луѓе и војници. Генералите се будат со мамурлак и сфаќаат дека имаат посрана војска. Колку може да биде добра армијата, кога се друго во државата е извалкано со непотизам и ласкање, додаде Тинков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.