Берлинската болница „Шарите“ во средата објави дека лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, е отпуштен од болничко лекување, бидејќи неговата здравствена состојба е „доволно“ подобрена, пренесува Скајњуз.

Врз основа на напредокот и моменталната состојба на пациентот, лекарите кои го лекуваат веруваат дека е можно целосно закрепнување. Сепак, останува рано да се измерат потенцијалните долгорочни ефекти од неговото тешко труење, се вели во соопштението на болницата.

Уште во август, Навални беше пренесен од Омск во Берлин за да се лекува од наводното труење со агенсот од Новичок.

Европската унија и Соединетите држави го опишаа случајот како политички мотивиран обид за убиство и како трик што го организираа западните земји за воведување нови санкции кон Русија од страна на Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.