Суд во Москва, по барањето на московското Обвинителство, пресуди дека организациите поврзани со опозицискиот лидер Алексеј Навални треба да се сметаат за екстремистички.

Се работи за невладините организации Фондација за борба против корупција и Фондацијата за заштита на правата на граѓаните, како и движењето Навални.

Ваквата одлука влегува во сила веднаш поради што тие организации се распуштени и мора да престанат да работат. Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за обвиненија што ги негира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.