Видеоснимката на која се гледа како руски полицаец удира млада жена во стомак, предизвика бес меѓу голем број Руси, кои сметаат дека полицијата користела прекумерна сила при растерувањето на демонстрантите.

Видеото било снимено во саботата, а вчера го споделија голем број славни руски лица, со голем број следбеници на социјалните мрежи, по што стана вирално. Видеото го прикажува моментот како двајца припадници на интервентната полиција ја влечат Дарија Сосновскаја кон полициското возило. Таа се обидува да се ослободи, на што двајцата полицајци одговорија со боксови во стомак, а репортерот кој го сними инцидентот саркастично го нарече полицаецот „херој“. Московската полиција одби да го коментира инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.