Руски пар е обвинет за убиство откако заминале на четиридневен одмор по карантинот за да пијат алкохол, притоа оставајќи ги своите близнаци од 16 недели сами и без храна.

Нивниот син бил во кома и умрел во болница, додека ќерката сега се бори за живот во болница во рускиот регион Камчатка. Близнаците ги пронашла бабата во „тешка и исцрпена состојба“.

Мајката Маргарита Јанајева (23) ги лажела своите пријатели дека нејзините бебиња се во болница бидејќи заболеле од коронавирусот, се тврди во извештаите. Таа и нејзиниот партнер Алексеј (35) ги оставиле бебињата сами и затворени во куќата додека тие биле четири дена на забава, наведува полицијата.

За време на тие четири дена тие не ги хранеле децата и не организирале алтернативна нега за нив, рекол извор од истрагата.

Наместо тоа, тие ги „изложиле на глад, не им обезбедиле потребна хигиена, оставајќи ги малолетниците во опасна состојба“.

Децата на крај биле пронајдени од бабата, која станала загрижена бидејќи не можела да го добие парот на телефон, иако нивниот регион бил во блокада заради коронавирусот. Таа веднаш повикала полиција.

Парот се наоѓа во притвор и може да добие казна до 20 години затвор, доколку бидат обвинети за убиство на беспомошните деца. Исто така се соочуваат со обвиниение заради пропуст во родителските обврски и изложеност на своите деца на опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.