Руски и кинески воени бродови, во периодот од 17 до 23 октомври, извршија први заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан во од 17. до 23 октомври, соопшти руското Министерство за надворешни работи

Кина и Русија, кои во октомври веќе организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море, последниве години одржуваат поблиски воени и дипломатски врски во време кога нивните односи со Западот се влошени.

Поморските маневри беа внимателно следени од Јапонија, која на почетокот на неделава објави дека група од 10 бродови од Кина и Русија пловеле низ теснецот Кугару, кој го дели главниот јапонски остров од северниот остров Хокаидo.

Теснецот се смета за меѓународни води.

Група бродови за првпат поминаа низ теснецот Кугару како дел од патрола. Задачите на патролата беа да ги демонстрира руското и кинеското национално знаме, да го одржува мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и да се грижи за субјектите на поморската економска активност на двете земји – се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.