Вакцината против Ковид-19 на Русија ќе биде достапна на „цивилното население“ од 1 јануари 2021 година, објави во вторникот московското Министерство за здравство, пренесува руски Тасс.

Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека лекарите и наставниците ќе бидат првите кои ќе ја примат вакцината, а потоа постапно и остатокот од населението.

Вакцината, која ја изработија „Бинофарм“ и истражувачкиот центар „Гамалеја“, ќе се вика „Спутник“. Според официјалните лица, 1 милијарда дози на вакцината веќе се нарачани од 20 земји.

Претходно, претседателот Владимир Путин објави дека Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против Ковид-19. Веднаш по објавата на Путин реагираа од Светската здравствена организација повикувајќи на претпазливост од руската вакцина за која велат дека не е на листата на СЗО од шесте вакцини кои стигнале до третата фаза на клиничко испитување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.