Руската вакцина против Ковид-19, направена од центарот „Гамалеја“, ќе биде регистрирана на 12 август.

Заменик-министерот за здравство на Русија, Олег Гриднев, соопшти дека први што ќе ја примат новата вакцина ќе бидат медицинските работници и постари жители на земјата.

Во тек е последната, трета фаза од тестирањето. Тестирањето на вакцината е многу важно. Треба да разбереме дека вакцината мора да биде безбедна. Ефикасноста на вакцината ќе биде можно да се процени кога ќе се формира имунитет кај населението – изјави Гриднев.

Претходно, министерот за здравство Михаил Мурашко најави дека масовната вакцинација против корона вирусот во Русија е планирана за во октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.