Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот покажале дека таа е 100 проценти ефикасна.

Во интервју емитувано на неговиот профил на Твитер, Мадуро изјави дека не се забележани сериозни компликации по вакцинирањето со „Спутник V“, која е регистрирана во Венецуела.

Потпретседателот на Венецуела, Делси Родригез, во декември минатата година изјави дека е постигнат договор со Русија за снабдување на Венецуела со вакцината „Спутник V“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.