Руската Национална гарда спречила терористички напад во регионот на Киев, на место каде што била дистрибуирана хуманитарна помош.

Како што објави агенцијата Интерфакс, војниците на руската национална гарда за време на патрола откриле импровизирана експлозивна направа, во близина на местото каде што се делела хуманитарна помош за населението во една од населбите во Киевската област.

Според извештајот, војниците ја блокирале областа и го евакуирале населението. Деминерите утврдиле дека импровизираната експлозивна направа била направена од артилериска муниција калибар 152 милиметри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.