Руската амбасада во Тирана ја потврди смртта на четворица руски државјани во албански хотел.

Тие изразија надеж дека ќе се спроведе детална истрага за тој инцидент, објави денеска руското Министерство за надворешни работи на својот ТВ канал Телеграма.

Амбасадата на Русија во Албанија ја потврди смртта на четворица Руси во хотел во Каваи, Албанија. Конзуларниот оддел на руската дипломатска мисија во Албанија е во редовен контакт со албанската полиција која ги истражува околностите на инцидентот“ се наведува во соопштението на руската дипломатска мисија во Тирана, пренесува ТАСС.

Според албанските медиуми, телата на четворица Руси биле пронајдени во хотелска сауна во Керет во петокот вечерта, а како што се наведува, руските туристи се задушиле.

Руската амбасада во Албанија потврди дека ги истражува деталите за овој смртоносен инцидент.

Според претходните полициски информации обезбедени од албанските медиуми, жртвите се двајца мажи и две жени на возраст од 31 до 58 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.