Руската новинарка Оксана Баулина загина при бомбардирањето на Киев, објави британски „Гардијан“.

Според информациите, таа го снимала уништувањето на еден трговски центар и загинала кога почнало гранатирањето.

Баулина работела за независна веб-страница во Русија, „Insider“, која главно се фокусирала на известување за корупција во руската влада.

Минатата година властите ја прогласија фондацијата за нелегална и екстремистичка, поради што многу нејзини вработени избегаа во странство.

Во гранатирањето уште едно лице загина, а двајца се повредени, пишува Инсајдер.

Баулина е една од петте новинари за кои се знае дека биле убиени во изминатиот месец од војната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.