Над 73 проценти од Русите ги поддржаа уставните реформи што ги бара претседателот Владимир Путин, вклучително и можноста тој да остане на власт до 2036 година, според објавените делумни резултати на референдумот што денеска заврши во Русија.

За прв пат во Русија гласањето траеше една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на избирачките места поради пандемијата на коронавирус.

До затворањето на гласачките места во Москва и повеќето други делови во западна Русија, вкупниот од одзив бил 65%, според официјалните лица задолжени за следење на референдумот.

Во некои региони, гласале дури 90 проценти од лицата со право на глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.