Поради ширењето на новиот коронавирус, руската Влада изрече привремена мерка забрана за извоз на некои медицински производи и опрема, вклучително и заштитни маски и антивирусни лекови, која ќе биде во сила до 1 јуни.

Забраната ја потпиша рускиот премиер Миахил Мишустин.

Се изрекува привремена мерка за забрана за извоз од Руската Федерација на производи од приложениот список, со исклучок кога се во состав на хуманитарна помош, заснована врз одлука на Владата, како и увоз на делови и материјали кои се дел од овие производи од страна на поединци, се вели во одлуката.

Министерството за индустрија и трговија соопшти дека на списокот има заштитни очила, опрема за респираторна заштита, антивирусни лекови, раквици и одела.

Напоменувам дека оваа уредба не се однесува на производи што би биле испратени како меѓународна хуманитарна помош (вклучително и на Кина), изјави министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Според претходните извештаи, во Русија дневно се произведуваат околу 1,5 милиони заштитни медицински маски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.