Рускиот премиер, Михаил Мистушин се закани дека ќе ги депортира странците кај кои е идентификуван коронавирус, објавија руските медиуми, пренесе ДПА.

Националниот план за превенција предвидува депортирање на странски државјани кај кои е дијагностициран коронавирусот, изјави Мистушин.

Минатата недела Русија ги потврди првите два случаи, кај двајца кинески државјани во Сибир, во Забајкалскиот регион, кој граничи со Кина, и во областа Тимен, што граничи со Казахстан.

Руските здравствени власти соопштија дека вирусот не е идентификуван кај ниту еден Русин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.