Русија сака да склучи нов трговски договор со Велика Британија откако земјата ќе ја напушти Европската унија, изјави рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин.

Русија и Велика Британија треба да потпишат договори од областа на авијацијата, транспортот, трговијата со нуклеарни материјали…, објави РИА Новости.

Келин не ја исклучува можноста за потпишување договор за слободна трговија со Велика Британија, ако тоа го побара британската страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.