САД намерно го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани за да ја поткопаат безбедноста и да го дестабилизираат регионот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи како одговор на прашање од медиуми, објавен на официјалната веб-страница на Министерството.

На операцијата во која Сулејмани беше убиен гледаме како на намерен чин насочен кон поткопување на безбедноста и стабилноста во регионот, извршена на територијата на суверена земја-членка на Обединетите нации без нејзино знаење – се вели во оценката од Министерството.

Руското МНР ги повика сите страни да се воздржат, да се водат од здравиот разум и да им дадат приоритет на дипломатските напори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.