Русија ќе биде подготвена да „отвори оган и да нападне“ туѓи бродови за да ги заштити своите граници, предупреди рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по инцидентот во Црното Море каде што плови британскиот воен брод „Дифенред“ во близина на Крим.

Русија соопшти дека патролен брод и борбен авион испукале предупредувачки истрели во близина на британскиот воен брод „Дифендер“ со цел да го протераат од областа во близина на Севастопол, но Велика Британија ги демантираше таквите тврдења.

Рјабков истакна дека „неповредливоста на руските граници е апсолутен императив“, додавајќи дека ќе ја заштити „со сите средства: дипломатски, политички, но доколку е потребно и воени“.

На прашањето што би направила Русија за да спречи слични упади, Рјабков пред новинарите изјави дека ќе биде подготвена да „отвори оган кон реални цели“ доколку предупредувањата не бидат доволни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.