Шефицата на Руската служба за санитарен надзор и контрола, Ана Попова, изјави дека резултатите од клиничките испитувања на вакцината против корона вирус направени од Научниот центар „Чумаков“ на Руската академија на науките се многу добри и овозможуваат таа вакцина да се регистрира во наредните денови.

Зборувајќи за состојбата со пандемијата, Попова истакна дека нема причина да се каже дека вирусот ќе престане да циркулира, пренесува „Спутник“.

Попова вели дека, со висок степен на веројатност, смета оти вирусот ќе остане присутен, дека ќе стане сезонски и дека ќе се појавува во сезона на епидемија, како вирусот на грип.

Досега во Русија се регистрирани две вакцини против Ковид-19, вакцината „Спутник 5“ на институтот „Гамалеја“ и вакцината на институтот „Вектор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.