Заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова, соопшти дека е развиена назална верзија на вакцината против корона вирусот „Спутник“.

Оваа вакцина исто така ќе биде двокомпонентна, но ќе се зема во форма на спреј и ќе може ја даваат само лекари.

Тоа е истата двокомпонентна вакцина „Спутник“, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Ќе се применува двапати – соопшти Ракова.

Таа објасни дека оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, како и дека таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние луѓе за кои не е препорачливо да примат традиционална вакцина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.