Откако претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека Научниот институт „Гамалеја“ ја регистрирал првата вакцина против корона вирусот во светот почна производството на првите дози на вакцината во руската фармацевтска компанија АФК „Бинофарм систем“.

Се очекува фабриката да произведува до 1,5 милиони дози годишно и е само една од многуте кои работат на брза испорака над потребната вакцина, што би можело да го означи крајот на пандемијата на корона вирусот.

Вкупното производство на лекот наречен „Спутник V“ се очекува да достигне 500 милиони дози во првите 12 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.