Русија објави неколку инфекции со нов сој на ковид-19, за кој се верува дека е повеќе заразен од делта-видот, објави агенцијата РИА.

Можно е варијантата „АY.4.2“ да се шири побрзо, изјави научникот Камил Хафизов, цитиран од РИА.

Тоа може да предизвика ново, па дури и побрзо ширење на инфекцијата, а Русија со денови се соочува со невидени рекорди.

– Новиот сој на крајот може да го замени делта-сојот, иако процесот може да биде бавен – додава Хафизов.

Претседателот Владимир Путин оваа недела го одобри владиниот предлог за еднонеделно отсуство што ќе започне на 1 ноември, откако бројот на смртни случаи низ Русија во изминатите 24 часа достигна нови рекорди. Имаше 1.028 смртни случаи и 34.073 новозаразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.