Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот изјави дека Москва е подготвена да помогне во посредување во какви било разговори со Турција за истражување на енергенси на истокот на Средоземното море, пренесува Ројтерс.

Деценискиот раскол меѓу Турција и Кипар, кој е поддржан од Грција, се најде на чело на споровите годинава поради трговските права на источен Медитеран, област за која се смета дека е богата со природен гас.

Што се однесува до вашите односи со Турција, ние сме подготвени да промовираме дијалог, прагматично заснован на заеднички интереси и во потрага по одлуки, кои ќе бидат фер и засновани на меѓународното право, рече Лавров на состанокот со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес во Никозија.

Русија смета дека се неприфатливи сите чекори што можат да доведат до натамошна ескалација на напнатоста на истокот од Медитеранот, додаде тој подоцна на прес-конференција.

Турција минатата недела објави дека ќе одржи петдневна воена вежба во регионот, откако Грција соопшти дека е подготвена да разговара за ситуацијата „заснована на меѓународното право“.

Сојузниците на НАТО, Турција и Грција се согласија да одржат „технички разговори“ со цел да се постигне решение за сегашниот ќор-сокак.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.