Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија не одбива никого при барањето за купување вакцини, но во моментов нема капацитети да бидат прифатени сите барања.

Ваквата изјава на Песков доаѓа како коментир на барањето на претседателот на Чешка Милош Земан да купи вакцини „Спутник“ од Русија.

Русија внимателно реагира на секое барање и се обидува да обезбеди што е можно повеќе вакцини на земјите кои се соочуваат со недостиг на дози. Имаме премногу барања, а нашите производствени капацитети не се толку големи за да ги прифатиме барањата на сите – објасни Песков.

реакцијата на песков доаѓа во време кога реномираниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пишува за популарноста на руската вакцина „Спутник“, која секоја недела станува дел од програмата за вакцинација во се повеќе земји во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.