Две вакцини одобрени во Русија обезбедуваат заштита од заразниот сој коронавирус откриен во Велика Британија, соопштија денеска руските власти.
Компаративна студија покажа дека антителата создадени по вакцинирањето со вакцината „Спутник V“ и „ЕпиВакКорон“ исто така штитат од британскиот сој, објави агенцијата за заштита на потрошувачи Роспотребнадзор.

Досега не е спроведено истражување дали ова важи и за јужноафриканската мутација.

Германскиот институт „Роберт Кох“ (РКИ) за контрола на инфекции објави дека сè уште нема докази дека вакцините се помалку ефикасни против британскиот сој, кој исто така се шири низ Германија.

Експертите веруваат дека некои вакцини се помалку ефикасни против јужноафриканскиот сој.

„Спутник V“ е на рускиот пазар веќе шест месеци и се користи во повеќе од 15 земји, а „ЕпиВакКорон“ нема да се користи до март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.