Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ги повлекува силите од две области во украинската област Харков, каде што украинската контраофанзива постигна значителен напредок во текот на изминатата недела.

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека војниците ќе бидат прегрупирани од областите Балаклија и Изјум во регионот на Доњецк.

Изјум беше главната база на руските сили во регионот Харков.

Конашенков рече дека потегот е преземен „со цел да се постигнат наведените цели на специјалната воена операција за ослободување на Донбас“, еден од регионите во источна Украина.

Тврдењето за повлекување заради концентрација во Доњецк е речиси идентично со објаснувањето дадено од Русија за претходното повлекување на нејзините сили од регионот на Киев, пренесува Бета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.