Русија се искачи на десеттото место во светот по број на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, јави ТАСС, повикувајќи се на официјални информации од властите.

Федералниот оперативен штаб соопшти за вкупно 36.798 заразени. Во Белгија, која досега го беше на десеттото место, бројот на инфицирани лица е 36.138. Во просек, во Русија има 25 заразени во 100 илјади жители.

Во последните 24 часа, бројот на заразени во земјата се зголеми за нови 4.785 случаи. Властите информираа за 3.057 оздравени пациенти и 313 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.