Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ја осуди изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија планира да го подели светот.

Ги отфрламе и осудуваме фантазмагоричните забелешки на главниот слуга на украинскиот народ за наводните руски планови за преобликување на светот… тврдејќи дека Русија се обидува да ги врати сферите на влијание, Зеленски признава дека неговата земја е во сфра на странско, но не на руско влијание – посочи Захарова.

Таа додаде дека Москва не е изненадена од уште една воинствена изјава од Зеленкски и неговиот обид да го уплаши целиот свет со руската закана.

Во видео обраќањето по повод 75-годишнината од Генералното собрание на Обединети нации, Зеленски ја обвини Русија за агресија врз Украина и за обид за обновување на поделбата на сферите на влијание во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.