По повод Светскиот ден за борба против сидата, шефицата на руската служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, Ана Попова, изјави дека Русија има прототипови на вакцина против сида.

Русија учествува во развојот на вакцина против сида многу години. Имаме наши прототипови, наши вакцини – изјави Попова за агенцијата „РИА новости“.

Рускиот научени институт „Вектор“ во моментов работи и на вакцина против корона вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.