Русија престана да испорачува гас за Италија, соопшти италијанската енергетска компанија Ени.

Руската компанија Газпром во саботата ја информираше Ени дека повеќе не може да испорачува гас преку Австрија. Рускиот гас вообичаено пристигнува и се дистрибуира од италијанско-австрискиот пограничен град Тарвиси.

Портпаролот на Ени за новинската агенција АНСА изјави дека Гаспром објавил дека повеќе не може да испорачува гас за Австрија. Сепак, според информациите на Ени, Австрија продолжува да добива руски гас, додаде портпаролот.

Италија добиваше само 25 отсто од гасот од Русија

До избувнувањето на војната во Украина, Италија добиваше околу 40 отсто од гасот од Русија. После тоа, владата во Рим и Ени, делумно државна компанија, склучија договори со неколку други земји, како што е Алжир, за намалување на зависноста од Москва.

Во последните месеци Италија добиваше само околу 25 отсто од гасот од Русија, а претходните денови доста опаднаа испорачаните количини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.