Трите руски региони на далечниот исток ги затворија своите граници со Кина до 7 февруари, поради страв дека коронавирусот ќе се појави и таму, изјави гувернерот на регионот Кабаровск, пренесе новинската агенција ТАСС.

Во Москва, властите соопштија дека вовеле посебни безбедносни мерки во хотелите и туристичките места, откако бројот на починатите од овој вирус, сличен на грипот, се искачи на 106 во Кина, со потврдени повеќе од 4.500 заразени.

Русија нема потврдени случаи на новиот вирус, но има директни дневни летови кон неколку кинески града, а властите соопштија дека минатата година очекувале повеќе од 2 милиони кинески туристи да ги посетат во 2019 година.

Воведовме посебна контрола во хотелите и другите места каде што масовно се собираат туристи Кога ќе се појават алармантни знаци, ќе бидат испратени екипи на итна медицинска помош да извршат детален преглед – напиша градоначалникот Сергеј Собијан на својата веб-страница.

Русија и Кина делат граница од 4.300 км.

Во моментов не функционираат девет гранични премини кон Кина, според податоците на веб-страницата на регионалната гранка на органот за управување со државната граница.

И руските тур-оператори престанаа да ги продаваат празничните тури за Кина, рече во понеделникот Дмитри Горин, потпретседател на Здружението на руски тур-оператори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.