Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија и побара од нивните вработени да ја напуштат земјата како реципрочна мерка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Во соопштението руското Министерство за надворешни работи прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот конзулат во Санкт Петербург и неговата канцеларија во Псков, како и литванскиот конзулат во Санкт Петербург, пренесува „Ројтерс“.

Претходно во април, Летонија и Естонија наредија затворање на два руски конзулата поради нападите врз Украина, додека Литванија го протера рускиот амбасадор од Вилнус, а како што беше наведено, одлуката е донесена во светло на настаните во украинскиот град Буча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.