Руското Министерство за здравство во четвртокот информираше дека земјата регистрирала 11.493 нови случаи со Ковид-19 и 191 починати како последица на коронавирусот во текот на претходниот ден.

Со последното ажурирање, вкупниот број лица во земјата кои се инфицирале изнесува 1,26 милиони случаи и 22 000 смртни случаи.

Бидејќи дневните бројки продолжуваат да се влошуваат, денешното зголемување речиси го достигна нивото од 11 мај, кога беа регистрирани 11.656 случаи.

Како одговор на ширењето на пандемијата, претходно денеска, здравствениот советник Сергеј Авдејев предложи дека треба да се воведат нови мерки со цел да се ограничи пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.