Русија денеска побара јавна седница на Советот за безбедност на ОН на тема воено-биолошка програма на која работеле американски лаборатории во Украина, пренесува агенцијата ТАСС.

Побаравме јавна седница на Советот за безбедност на ОН за да презентираме нови докази за американските воено-биолошки програми спроведени во лаборатории во Украина, изјави првиот заменик-амбасадор на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.

Тој на својот канал на „Телеграм“ посочи и дека седницата е закажана за утре во 17 часот по московско време, соопшти руската агенција, а пренесува „Танјуг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.