„САД и ЕУ ќе го засилат својот заеднички ангажман на Западен Балкан, вклучувајќи го и дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и поддршката на клучните реформи во рамките на евроинтеграцијата“, се наведува фо нацрт-заедничката декларација, која би можело да претрпи уште промени до состанокот на американскиот рпетседател Џо Бајден со претседателот на ЕС Шарл Мишел и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, на 15 јуни во Брисел.

Меѓу бројните рпашања на дневен ред на првата посета на Бајден на ЕУ, Западен Балкан ќе биде една од темите на која Брисел и Вашингтон ќе ја нагласат потребата за подобра соработка и координација, дознава РТС.

САД ја поттикнува Европската унија конечно да почне преговори со Македонија и со Албанија, бидејќи смета дека кредибилната политика на ЕУ е американски стратешки интерес, пишува понатаму РТС повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.

За разлика од ЕУ, чиишто пет земји-членки не ја признаваат независноста на Косово, САД сметаат дека решението на дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да води кон меѓусебно признавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.