Руската вакцина против Ковид-19, „Спутник 5“, е ефикасна повеќе од 90%, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на претставник на руското Министерството за здравство.

Агенцијата пишува дека тој процент на успешност се базира врз податоци собрани од извршени вакцинации, наместо од тековно испитување.

Ваквиот коментар следи по претходното соопштение од страна на комапниите „Фајзер“ и „БајоНТех“, кои информираа дека нивната експериментална вакцина за Ковид-19 е ефикасна повеќе од 90%.

Ние сме одговорни за следење на ефективноста на вакцината „Спутник 5“ кај граѓаните кои ја примиле како дел од програмата за масовна вакцинација. Врз основа на нашите испитувања, нејзината ефикасност е исто така над 90%. Појавата на друга ефикасна вакцина е секако добра вест за сите – вели за „Ројтерс“, Оксана Драпкина, директорката на институтот за истражување при Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.