Легендарниот кошаркар Денис Родман изминативе години изгради необично пријателство со севернокорejcкиот лидер Ким Joнг Ун.

Во јавноста се појавија шпекулации дека лидерот на Северна Кореја не ја преживеал опepaциjaта на срцето, а Денис Родман има свое мислење за ова.

„Комуницирам со Северна Кореја, но можам да ви кажам едно- ако ја видите неговата сестра на телевизија, како ја води земјата, ќе знаете дека нешто не е во ред, само тоа ќе ви го кажам”, рече Родман во емисијата на Пирс Морган.

Се смета дека Кин Јо Џонг би можела да биде следната на тронот од Северна Кореја доколку му се случи нешто на Ким.

„Неговата сестра е прекрасна. Беше многу љубезна кон мене додека бев таму”, рече Родман, кој истакна дека дека не верува во шпекулациите кои се појавија во јавноста на почетокот од мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.